Милевски: Ја почитувам одлуката на Ристовски, ми засмета што дознав преку социјалните мрежи

Селекторот Благоја Милевски ја коментираше одлуката на Стефан Ристовски да се откаже од националниот тим на Македонија.

Тој кажа дека и понатаму го почитува капитенот Ристовски, и рече дека имал конструктивен разговор, со различни гледишта на некои работи, а му засметало тоа што фудбалерот ја соопштил одлуката преку социјалните мрежи.

„Мојата почит кон Ристовски и кон сите репрезентативци, и тоа го покажува мојот пат и разговор со Стефан. Мојата идеја да биде лидер и капитен на тимот, јас му ја доделив капитенската лента, и јас ја изразив мојата почит. Имавме конструктивен разговор, но имавме различни гледишта за некои работи, но сето тоа во подобрување на тимот. За жал нема да биде дел од нас, ја почитувам одлуката, што не значи дека ќе се намали мојата почит кон него како личност. Единствено што ми засмета што го дознав преку социјалните мрежи, а јас не користам социјалните мрежи. Нема нешто друго во прашање“, рече Милевски.

Се вчитува...