Милевски ќе биде тренер на Ашдод, заминува од У21 тимот

Селекторот на младата фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски, од 1 јуни ќе биде нов тренер на израелскиот прволигаш Ашдод.

Тој доби одлична понуда од клубот каде што своевремено настапуваше и како фудбалер, постигнувајќи договор за соработка да го преземе тимот од почетокот на следната натпреварувачка сезона. Договорот ќе биде потпишан откако Милевски ќе ја заокружи соработката со Фудбалската Федерација на Македонија, по што ќе следи преселбата во Израел.

Благоја Милевски имаше одлични резултати со младата фудбалска репрезентација, остварувајќи историски пласман на ЕП за играчи до 21 година во Полска со претходната генерација на фудбалски надежи. Во тековниот циклус Македонија У21 сепак не успева да ги повтори феноменалните успеси.

Се вчитува...