Милевски ќе смета и на Костадинов за утрешниот меч со Австрија

Младата репрезентација на Македонија од вчера веќе е во Австрија каде утре од 18 часот во Ензерсдорф ја очекува шесттиот натпревар во квалификациите за ЕП 2019 во Италија.

Кај младите избраници на Благоја Милевски остана разочарувањето по несреќниот пораз од 3-4 од Русија на дуелот пред три дена во Скопје, но и тоа како играта од мечот носат силен мотив за успешно надигрување и со Австријците.

Австрија е голем фаворит во пресметката со младиот македонски национален тим, но „црвено-жолтите“ веруваат дека може да извлечат позитивен резултат.

Во комбинација за настап на утрешниот натпревар ќе биде и фудбалерот на словачкиот прволигаш Ружомберок, Тихомир Костадинов кој паузираше против Русите поради жолти картони. Сега во составот ќе недостасува дефанзивецот Алекса Амановиќ кој против Русија заработи црвен картон во 90. минута од средбата.

Се вчитува...