Милевски: Мечевите против Молдавија и Црна Гора ќе бидат одлична можност за да пробаме нови тактички варијанти

Фудбалската репрезентација на Македонија во петок во Анталија ќе го одигра првиот од двата пријателски натпревари.

Противник на избраниците на Благоја Милевски ќе биде репрезентацијата на Молдавија. Селекторот Милевски на прес-конференцијата вели дека овие мечеви ќе бидат одлична шанса за нови тактички варијанти.

„Задоволен сум од тоа што го видов овие три дена кај моите фудбалери. Работната атмосфера е на највисоко ниво. Има играчи кои што немаат минутажа во своите клубови, но веќе се навикнавме на тоа. Мене најважно ми е тие да се здрави и да се физички подготвени. Се останато кога е во прашање Македонија тие даваат и повеќе од својот максимум. Не краси одлична работна атмосфера и сите се подготвени за предизвиците. Сите овие натпревари ќе ги искористиме да пробаме нови тактички варијанти, но и нови позиции на некои од фудбалерите кои ќе може да ги користиме во иднина“, започна Милевски. 

На овие два меча покрај Ашковски тој нема да може да смета и на Алими и Даци.

„Алими, Даци и Ашковски нема да можат да бидат со нас на овие два контролни меча, но другите момци ќе бидат подготвени да се стават во функција на тоа што не очекува против Молдавија и Црна Гора“, вели Милевски. 

Се вчитува...