Милевски: Момците заслужуваат пофалби, покажаа како се бори за националниот дрес

Благоја Милевски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација на прес-конференцијата после мечот со Англија го искажа своето задоволство од одиграниот натпревар и освоениот бод со големите ѕвезди.

Селекторот кажа дека е задоволен од овие квалификации во тешка група, напоменувајќи дека селекцијата е далеку од Англија и од Италија, но дека жали за пропуштеното против Украина.

„Овие две години и 3-4 месеци не само што напредуваме, туку напредуваме заедно со подмладувањето на репрезентацијата. Дојдовме до некој зенит за 7-8 месеци со баражите во плеј-офот. Извлековме група во која и сам да ја составував потешка, немаше да можам. Но, она што го покажаа момците, особено оние млади играчи кои ги вклучивме во последните три циклуси, не можам да да не бидам задоволен, и мислам дека и Македонија треба да биде горда на овие момци, затоа што покажаа како се бори за овој дрес. Да се спротивставиш на репрезентации како Англија, Украина, Италија на ваков начин. Не можам а да не бидам задоволен од натпреварот со Рим. И денеска, тие прекини на кои мора да работиме. Секоја чест на нив. Не чека доста работа, не чека сериозна работа за да дојдеме во ситуација да бидеме уште поконкурентни на ниво какво што сакам јас. Далеку сме и од Англија и од Италија, а за Украина ми е најмногу жал затоа што заслуживме најмалку два бода, три бода. Ни останува многу работа“, изјави Милевски.

Милевски не сакаше да ги коментира спорните моменти во првиот дел кога најпрво не беше досуден пенал, а потоа од пенал Барди донесе предност.

„Па не би ги коментирал тие моменти, затоа се тука судиите и ВАР, така да тоа што ќе одлучат судиите, треба да го почитуваме.

Се вчитува...