Милевски: Не очекуваат сериозни натпревари, ќе мора максимални изданија!

Македонија е во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар во новото издание од Ц-лигата на УЕФА Лигата на нации.

Според селекторот Благоја Милевски, Македонија ја очекуваат неизвесни натпревари против квалитетни селекции низ кои секако од фудбалерите ќе се бара сериозен пристап и максимално залагање.

„Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови. Не очекуваат сериозни натпревари. Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против европскиот првак, Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група. Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар. Денешниот фудбал, едноставно не трпи поинаков пристап. Се што ќе бараме од фудбалерите и целиот наш тим е максимално залагање на сите натпревари“ – истакна селекторот Благоја Милевски како прва реакција по ждрепката за новата сезона од Лигата на нации.

Се вчитува...