Mилевски: Не сакам да ги коментирам одлуките на судијата Оченаш

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 2-1 на гостувањето кај Чешка од 2-1, во меч во кој главен актер беше главниот судија Оченаш од Словачка кој досуди два пенали за домаќините.

Селекторот Боби Милевски по мечот иако гневен на судијата рече дека не сака да ги коментира тие работи.

„Впечаток од натпреварот – честитки за моите момци, посебно за одиграното второ полувреме. Имавме некои корекции кои ги направивме на полувремето во кое не функциониравме како што треба. Жалам што не почнавме да играме малку порано на таков начин, ни фали самодовербата со топката во нога уште. Кога ќе сумираме се, секоја чест за одиграното, честитки до Чешка и и посакувам успех на ЕП. Кажав и пред натпреварот дека не очекува многу различен ривал од нашиот претходен. Играта на Чешка се базира на трка и на сила, на тоа требаше да одговориме. Во поголемиот дел од мечот сум задоволен како одговоривме на тоа, но кога имавме посед, требаше да бидеме малку похрабри. Немам коментар тука, тоа е работа на ВАР и судиите. Не би сакал да ги коментирам пеналите“. изјави Милевски. 

Се вчитува...