Милевски: Не сум задоволен од начинот на кој игравме во првото полувреме

ЕКИПА во Рим,

Никола Станикевски

Фудбалската репрезентација на Македонија има негатива од 5-2  на гостувањето кај Италија во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија. Нашите фудбалери одиграа едно во најмала рака слабо прво полувреме, во кое во сите 45 минути беа инфериорни на теренот, што беше клучно за поразот. Во второто полувреме со влегувањето на Јани Атанасов успеавме да заиграме подобро, но тоа на крајот сепак не беше доволно по големата негатива од првиот дел.

Селекторот Милевски вели дека воопшто не е задоволен од играта…

„Кога ќе примиш четири од пет гола од прекини значи не се бил фокусиран. Првиот дел не одигравме како што замислувавме, но по измените второто полувреме одигравме доста добро. Не успеавме да изедначиме, а тоа што се отворивме не чинеше уште два гола. Не сум задоволен од начинот на кој одигравме во првото полувреме, но и од резултатот“, изјави Милевски. 

Околу одлуката да го промени Елмас во текот на вториот дел тој вели …

„Елиф сам побара измена бидејќи падна на физички план и не се чувствуваше подготвен да го доврши мечот. Се гледа дека му недостига минутажа во клубот и се надевам дека ситуацијата во клубот ќе се промени, бидејќи тој тоа го заслужува со начинот за кој игра во клубот“, заврши Милевски. 

Се вчитува...