Милевски си има нови момчиња: Се „кова“ новата генерација (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Низ максимално активен ритам младата репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за стартот на новиот квалификациски циклус, за пласман на Европското првенство 2019 во Италија.

Благоја Милевски попладнево на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, го одржа вториот тренинг за време на собирот со новата генерација млади фудбалери кои на 5. септември ги очекува првиот натпревар од квалификациите против Ерменија во Ереван.

Новите македонски репрезентативци неизбежно ќе го носат „товарот“ на успехот на своите претходници, но без сомнение Милевски и стручниот штаб и тоа како умеат да им го олеснат „патувањето“ низ квалификацискиот циклус…

[new_royalslider id=”748″]

Се вчитува...