Поранешниот селектор на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски позитивно стартуваше на клупата на својот нов клуб, израелскиот Ашдод.
За време на подготовките во Австрија, Ашдод денеска ремизираше (1-1) против Спартак Москва. Милевски беше пред победа откако неговиот тим поведе во 21. минута, но Русите израмнија со гол од пенал во 90. минута.
Претходно, Ашдод славеше со 2-1 против словенечки Триглав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА