Со Елмас и со Ѓоргев младите ќе ја напаѓаат Србија на 6. октомври!

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го соопшти списокот репрезентативци за престојните два квалификациски натпревари од циклусот за ЕП 2019, против Србија на 6. октомври во Скопје, и против Гибралтар на 10. октомври.

Милевски главно со истите репрезентативци кои убедливо триумфираа со 0-3 против Ерменија во Ереван, ќе ги очекува и октомвриските пресметки против Србија и Гибралтар. Како трет голман е повикан и Душан Ѓоргев од Оклахома, САД.

На списокот се и Елиф Елмас и Никола Ѓоргев кои ќе бидат на располагање на Милевски за дуелот со Србија на 6. октомври, по што ќе се приклучат на сениорската репрезентација за дуелот против Лихтенштајн во Струмица.

СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДУЕЛИТЕ СО СРБИЈА И СО ГИБРАЛТАР:

mkd-SRBIJa

Се вчитува...