Милевски со проверени имиња во баражот со Италија: Давид Бабунски и Наумовски единствени нови имиња!

Македонскиот селектор Благоја Милевски со очекуваниот список на фудбалери, без поголеми проблеми, ќе и се спротистави на селекцијата на Италија на 24. март во Палермо во баражот за пласман на СП 2022.

Милевски денеска го соопшти списокот на кој се и Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, кои поради жолти картони нема да може да му помогнат на националниот тим на мегданот во Палермо. Но, ќе очекуваат позитивен исход за да се стават на располагање за финалниот бараж натпревар.

Единствени две нови имиња на списокот, во однос на оние кои настапуваа низ последните седум натпревари од квалификациите за СП 2022, се фудбалерот од средниот ред на унгарски Дебрецин, Давид Бабунски и голманот Кристијан Наумовски од Шкупи.

Собирот на македонската А репрезентација е закажан за 20. март во 19 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.

Првиот тренинг е во понеделник во 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. На 22. март во 17 часот со чартер лет, репрезентацијата патува за Палермо каде што ќе се одигра натпреварот против Италија.

Се вчитува...