Боби Милевски: Целта е првото место во групата!

Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, изрази задоволство од ждрепката во Лигата на Нации, во која ждрепката ги одреди Ерменија, Фарски Острови и Летонија за противници во Ц4 групата.

Македонија е фаворит, и целта е првото место во групата, смета Милевски кој кажа дека мора да се остане фокусиран и покрај тоа што во денешниот фудбал нема фаворити.

„Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај. Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави. Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани. Да имаме прав пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5-0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4-0. Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања. Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата!” – истакна селекторот Милевски по ждрепката во Париз.

Се вчитува...