Селекторот на македонскиот национален тим Благоја Милевски е пред крајот на договорот. Дали ќе следува нова соработка или не, ќе се одлучува после овие два меча.
Милевски истакна задоволство од сегашната соработка со федерацијата. Кажа дека му е чест што работи со националниот тим, и ќе му биде и понатаму ако му биде понудена нова соработка и ако се договори и натаму да ја води репрезентацијата.
„Морам да изразам задоволство од пружените услови, задоволство е да се работи во вакви услови, големо е задоволството да се работи со овие момци, така што можам да кажам дека поминаа повеќе од две години, поминати одлични години, задоволство и ми беше и ќе ми биде ако и натаму бидам селектор. Сето останато што ќе се следи е знак прашалник. Целиот фокус е насочен кон Италија и Англија, тоа што ќе следи ќе се разговра после два натпревари. Дали ќе зависи од овие два меча или не, Милевски докажал многу пати со начинот на кој работи и на кој е посветен, така мислам дека не би требало тоа да биде одлучувачки фактор“, рече Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА