Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Релјиќ успешно ја мина првата пречка на Медитеранските игри во Таранто, Италија.
Релјиќ во првата нејзина борба на игрите во категоријата во 57 килограми, славеше над домашната надеж Ана Куорво. Нашата таеквондистка обработи една маестрална борба и на крајот славеше со 2-0 против Италијанката.
Во четвртфиналето Релјиќ за противничка ќе ја има подобрата од борбата меѓу Тегери од Кипар и Тоуми од Тунис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
