Милиќ го демантира судирот со Лазовиќ: „Не го нокаутирав, се е лага!“

Стефан Милиќ коментираше на Инстаграм околу медиумските наводи дека имал физички конфликт со Данко Лазовиќ.

Милиќ категорично ги отфрли објавените тврдења, велејќи дека немало никаква тепачка меѓу нив или некаков инцидент сличен на оној опишан во одредени медиуми.

„Да бидеме сосема јасни, она што е објавено е лага. Не се случил никаков физички конфликт меѓу мене и Данко Лазовиќ. Јас не го „нокаутирав“, не се тепав со него, ниту пак се случило нешто слично на она што е напишано. Тврдењата дека бил пијан и дека ме нападнал се целосно невистинити и неосновани“, напиша Милиќ.

Тој верува дека објавувањето на непроверени информации му штети на угледот на Партизан.

„Треба да ги погледнеме работите од сите страни и да не дозволиме ширењето на лажни и непроверени информации систематски да го оштети угледот на Партизан. Ова не е прв пат да се презентираат невистини и да се направи обид да се создаде погрешна слика.“

Милиќ особено го критикуваше начинот на кој приказната стигна до јавноста и најави правна реакција.

„Создавањето вакви приказни со повикување на непроверени извори не претставува новинарство, туку ширење дезинформации што директно го нарушуваат угледот. Целата објавена содржина е зачувана и ќе бидат преземени соодветни законски мерки против одговорните“, заклучи Милиќ.

Засега нема официјални потврди што би ги поткрепиле наводите за физичка пресметка, додека Милиќ целосно ги отфрли во своето јавно обраќање.

Се вчитува...