Милик продолжува во Наполи до 2024 година

Италијанскиот калчолигаш Наполи успеа да постигне договор со полскиот интернационалец Аркадиуш Милик за продолжување на соработката. Тренерот Карло Анчелоти инсистираше Милик да биде „врзан“ на подолг период, па раководството отпочна разговори за обновување на договорот. Актуелниот има важност до 2021 година, а веќе се договорени деталите тој да остане во Неапол уште дополнителни три години.

25-годишниот напаѓач постигна гол против Македонија во квалификацискиот триумф од 2-0, а потоа беше стрелец и на двата гола за Наполи во победата од 2-0 против Верона. Тој дојде од Ајакс во 2016 година и досега постигна 36 гола во дресот на „наполитанците“.

Се вчитува...