Милиќ: Раул не ме сакаше, Сергеј не ми даваше да заминам од Вардар

Страхиња Милиќ се најде во центарот на вниманието на српската ракометна јавност откако по пауза од две години се врати на терените, настапувајќи за тимот на Партизан. Поранешниот ас на Вардар во разговор за српските медиуми се потсети и на настапите на „црвено-црните“, обелоденувајќи детали од неговиот престој во редовите на „вардарци“.

„Никогаш не ни помислував дека би можел да направам две години пауза од ракометот, вистината е дека не сакав да тренирам, тоа беше главната причина. Во Вардар беше интересна ситуација, не бев во најдобар однос со тренерот Гонзалес, но од друга страна претседателот Самсоненко ме сакаше и не ме пушташе да си заминам иако имав понуди на маса“, вели Милиќ.

Српскиот голман си замина од Вардар на почетокот од сезоната 2018/19, откако му беше раскинат договорот со клубот поради прекумерна тежина. Милиќ во едно интервју за српските медиуми минатата година откри дека максималната тежина му изнесувала неверојатни 216 килограми.

Се вчитува...