Милик со два гола донесе победа за Наполи, Елмас само на клупата

Наполи ја запиша петтата победа во осмото коло од Серија А, славејќи со 2-0 против Верона пред своите навивачи.

Полскиот репрезентативец Аркадиуш Милик беше стрелец на двата погодоци за Наполи во 37. и во 67. минута од средбата.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса за настап на натпреварот, останувајќи на клупата за резервни фудбалери.

Се вчитува...