Милинковиќ – Савиќ е наследникот на Погба во Манчестер Јунајтед?!

Пол Погба реши да не прави проблеми и да отпатува со Манчестер Јунајтед на турнеата во Австралија, но тоа не го менува фактот дека францускиот ас ќе инсистира да биде продаден во текот на летниот преоден рок. И управата на Манчестер и менаџерот Солскјер се свесни дека задржувањето на Погба може да ја наруши атмосферата и се подготвени за продажба, а во меѓувреме се преговара и за ангажман на играч кој ќе го наследи францускиот ас на „Олд Трафорд“.

Сергеј Милинковиќ Савиќ е играчот што Солскјер го побарал како директна замена за Погба, а директорот Вудворд веќе ги стартувал преговорите со Лацио за ангажман на српскиот фудбалер за врска. Понудата од 75 милиони евра доставена до римскиот клуб е интересна за „лацијалите“, па директорот Таре во текот на следната седмица ќе допатува во Лондон на завршни преговори со „ѓаволите“. Претседателот Лотито лани бараше 120 милиони евра за Милинковиќ – Савиќ, но Србинот имаше просечна сезона, па сега неговата цена е значително намалена.

Јунајтед очекува да заработи околу 150 милиони евра од продажбата на Погба, пари што покрај на Милинковиќ – Савиќ ќе бидат искористени и за ангажман на капитенот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш, за ремонт на средниот ред на најтрофејниот англиски клуб.

Се вчитува...