Милинковиќ – Савиќ е прескап и за Јувентус

Сергеј Милинковиќ – Савиќ од почетокот на преодниот рок е поврзуван со бројни европски гиганти, но трансферот нема да се реализира доколку Лацио не ја намали сумата што ја бара за српскиот ас. Претседателот Клаудио Лотито го проценува Србинот на сума од околу 120 милиони евра, подготвен е да разговара за понуда од околу 100 милиони, но ниту еден од заинтересираните клубови не сака да плати толкаво богатство за овој играч.

По Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, денеска од преговорите се повлече и Јувентус, откако италијанскиот првак јасно стави до знаење дека нема намера да ја надмине границата од 100 милиони за Милинковиќ – Савиќ, кој е голем квалитет и потенцијал, но сепак е предалеку од суперѕвезда за која би се платила таа сума. Преговорите траеја дваесетина дена, максималната понуда на „старата дама“ изнесувала 70 милиони евра, а откако Лотито останал цврст на барањата за отштета од 120 милиони, Јувентус се откажал и веќе почнал да разгледува други опции за засилување на својот среден ред.

Барселона останува заинтересирана за Милинковиќ – Савиќ, шпанските медиуми информираат за понуда од 50 милиони евра плус Бразилецот Рафиња, но прашање е дали Лотито ќе се согласи на ваква варијанта кога веќе му станува јасно дека останатите клубови ги прекинаа преговорите со римскиот клуб.

Се вчитува...