Милинковиќ-Савиќ по тешката повреда: Добро сум… (ВИДЕО)

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ заработи незгодна повреда на синоќешниот натпревар против Милан. Во прв момент се чинеше крајно сериозна повреда на коленото, но Србинот денеска порачува дека е добар и не очекува подолга пауза.

„Добро сум. Мислам дека не е во прашање ништо страшно затоа што можам да одам без болки“ – порачува Милинковиќ – Савиќ.

 

Лацио синоќа победи против Милан на гостински терен и на тој начин се пласираше во финалето од Купот на Италија каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Аталанта и Фиорентина кој се игра вечерва. Првиот дуел заврши 3-3.

Се вчитува...