„Милионерите“ без проблеми против Минхен 1860 (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд без проблеми се пласираа во второто коло од националниот куп на Германија, откако во својот прв официјален меч сезонава славеа на гостински терен кај Минхен 1860 со 0-3.

Водство од 0-1 за „милионерите“ донесе Дониел Мален уште во 8. минута од натпреварот. На 0-2 зголеми Белингем во 31. минута, а до крајот на првото полувреме веќе беше и 0-3 со голот на Адејеми во 35. минута.

Во второто полувреме Дортмунд само рутински го приведе мечот до самиот крај.

Голот на Кадир Адејеми за 0-3 можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...