„Милионерите“ го ловат Брахим Дијаз за наследник на Санчо

Англискиот тинејџер Џејдон Санчо е на излезна врата од тимот на Борусија Дортмунд, за него се интересираат големите европски клубови и нудат повеќе од 100 милиони евра. Во услови на глобална економска криза предизвикана од коронавирусот јасно е дека раководството на „милионерите“ размислува за негова продажба ова лето, а тој е најблиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, иако понуди подготвуваат и Челси, Барселона и Пари Сен Жермен.

Борусија Дортмунд размислува кој би можел да го замени Џејдон Санчо во навалната линија следната сезона. Прв избор на „милионерите“ е Брахим Дијаз, младиот и талентиран напаѓач на Реал Мадрид. Тој не доби вистинска шанса на „Сантијаго Бернабеу“ и би можел да дојде на позајмица, со опција за комплетно откупување на договорот. Борусија Дортмунд и Реал Мадрид имаа ваква соработка со Ашраф Хакими, кој по одличните игри во дресот на германскиот бундеслигаш ова лето ќе се врати во „кралскиот клуб“ на инсистирање на тренерот Зинедин Зидан.

Се вчитува...