„Милионерите“ го продолжија договорот со Лукаш Пишчек

Полскиот интернационалец Лукаш Пишчек останува во Дортмунд до јуни 2021 година. Тој стави потпис на нов едногодишен договор со „милионерите“ иако претходно имаше најави дека ќе се врати во родната Полска за да ја заврши кариерата.

„Ова е тоа што сакам да го правам во клубот каде што ја минав младоста и остарев“, изјави Пишчек.

Тој за две седсмици ќе наполни 35 години, но и понатаму игра на врвно ниво. Тренерот Лусиен Фавр инсистираше да остане во тимот најмалку уште една сезона.

Лукаш Пишчек дојде во Борусија Дортмунд во 2010 година и досега има одиграно 355 официјални натпревари во дресот на „милионерите“.

Се вчитува...