„Милионерите“ ја декласираа Бенфика за четвртфинале во ЛШ

Борусија Дортмунд се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако ја совлада Бенфика на домашен терен со 4-0, алунирајќи на негативата од еден гол од првиот меч во Португалија.

Пјер – Емерик Обамејанг уште во четвртата минута го постигна првиот гол за „милионерите“, со што вкупниот дуел влезе во „егал“, а потоа германскиот тим знаеше како да ја дозаврши задачата.

Во 59.минута Пулишиќ го постигна вториот гол за Борусија Дортмунд, а само две минути подоцна Обамејанг уште еднаш стрелаше на вистинското место за нокаут на гостите. Во 85.минута, истиот фудбалер уште еднаш ја затресе мрежата на Бенфика, за тотална егзекуција.

All Goals & Highilghts HD – Borussia Dortmund 4… by smoki-bobi

Се вчитува...