„Милионерите“ ја елиминираа Борусија Менхенгладбах во Купот

Борусија Дортмунд со пресврт славеше триумф од 2-1 и ја елиминира Борусија Менхенгладбах пласирајќи се во следната рунда од Купот на Германија. Џулијан Брант за три минути постигна два гола во финишот и го сврте резултатот во корист на „милионерите“, откако гостите поведоа со голот на Маркус Турам во 71.минута.

Лајпциг со 1-6 го декласираше на гости Волфсбург, а Вердер со 4-1 го совлада Хајденхајм. Ајнтрахт Франкфурт со двата гола (1-2) на Бас Дост го елиминира Сент Паули.

Се вчитува...