„Милионерите“ му дишат во врат на Баерн

Борусија Дортмунд го прекокна Лајпциг на второто место на табелата откако по голема битка славеше на гостувањето против Борусија Менхенгладбах со 1-2.

Азар со прекрасен удар ја донесе Борусија Дортмунд во водство на оваа средба, но домаќините успеаја да израмнат преку Штиндл на самиот почеток од второто полувреме. „Милионерите“ тргнаа во офанзива за да стигнат до трите бода и на крајот успеаја во тоа благодарение на Ашраф Хакими, кој биеше прецизно во 71. минута на асистенција на Санчо.

„Милионерите“ со овој триумф имаа еден бод заостанување зад Баерн Минхен, кој утре на домашен терен со Аугсбург ќе го игра својот натпревар од 25. бундеслигашко коло.

Се вчитува...