„Милионерите“ најдоа лек за Херта

Борусија Дортмунд ја оствари 19.победа во Бундес-лигата оваа сезона совладувајќи ја минимално Херта на домашен терен со 1-0. Со овој триумф „милионерите“ се вратија на седум бода негатива во однос на лидерот Баерн Минхен и се наоѓаат на втората позиција.

Во отсуство на офанзивниот арсенал, повредените Марко Ројс и Ерлинг Халанд, патот на топката до мрежата на Херта го пронајде играчот за врска Емре Џан. Тој одлично се снајде во 57.минута и со одмерен удар погоди на вистинското место. Херта немаше сили за да остане непоразена и на овој меч, тоа е прва „нула“ за тимот од Берлин по рестартот на Бундес-лигата.

 

Се вчитува...