„Милионерите“ не го освоија Фрајбург

Борусија Дортмунд не успеа да ја продолжи победничката низа во Бундес-лигата и одигра реми без голови на гости против Фрајбург. Иако домашниот тим имаше играч помалку од 27.минута, поради исклучувањето на Јорик Равет, сепак, „милионерите“ не ја материјализираа играчката предност на теренот. Пулишиќ, Филип и Пишчек имаа шанси, но мрежата на Фрајбург остана да мирува.

Мајнц на домашен терен го совлада Баер Леверкузен со 3-1. Гостите први поведоа преку Кор, меѓутоа Муто, Дијало и Сердар го донесоа триумфот за домаќинот на овој меч.

Боатенг му донесе три бода на Ајнтрахт Франкфурт на гостувањето против Борусија Менхенгладбах, а Аугсбург славеше дома со 3-0 против Келн.

Резултати Германија: Мајнц – Баер Леверкузен 3-1, Борусија М. – Ајнтрахт Ф 0-1, Аугсбург – Келн 3-0, Фрајбург – Борусија Д. 0-0, Волфсбург – Хановер 1-1.

Се вчитува...