„Милионерите“ покажаа карактер – со пресврт до цел плен во Келн

Борусија Дортмунд освои цел плен и на првото гостување сезонава, иако „милионерите“ се соочија со неочекувани проблеми на дуелот со Келн (1-3).

„Овните“ ги изненадија гостите од Дортмунд со дисциплинирана игра на сопствената половина, не оставајќи простор фаворитите да влезат во посакуваниот ритам. Келн дури и прв поведе со голот на Дрекслер и го чуваше ваквиот резултат се до 70. минута.

А тогаш„, милионерите“ покажаа карактер кога беше најважно, Санчо израмни со прецизен удар од петнаесетина метри, за во последните пет минути Ашраф Хакими и Пако Алкасер да ги донесат трите бода.

Се вчитува...