„Милионерите“ се потат за Азар

Борусија Дортмунд тргна одлично во новата сезона, но тренерот Фавр сега се соочува со првиот посериозен проблем – по повредата што ја заработи Торган Азар. Белгискиот ас настрада за време на дуелот со Келн, а лекарските прегледи покажале повреда на ребрата.

„Паузата ќе изнесува најмалку неколку седмици бидејќи повредата е многу незгодна. Ќе видиме дали ќе може да се врати по репрезентативната пауза, но јасно е дека поради оваа повреда нема да продаваме ниту еден фудбалер од навалната линија“ – изјави директорот Михаел Цорк.

Со ова Цорк ја затвори вратата за заминување на позајмица на Брун Ларсен, за кого интерес покажаа неколку германски прволигаши.

За очекување е местото на Азар во стартниот тим на Борусија на следниот меч, против Унион Берлин, да го заземе германскиот репрезентативец Јулијан Брант.

Се вчитува...