„Милионерите“ се вратија со стил, Лајпциг се лизна дома

Борусија Дортмунд во голем стил го одигра првиот меч по рестартот на Бундес-лигата и го совлада Шалке 04 со убедливи 4-0 во рурското дерби. Бундес-лигата се врати на сцената, со строги мерки на заштита од коронавирусот, дезинфекција на топките и радост по постигнат гол на умерена оддалеченост, а „милионерите“ покажаа дека не планираат лесно да се откажат од трката за шампионската титула. Сега имаат само бод негатива во однос на лидерот Баерн Минхен кој утре му гостува на Унион Берлин.

Ерлинг Халанд го постигна првиот гол во 29.минута, а Рафаел Гереиро пред одморот зголеми на 2-0. Торган Азар беше стрелец на третиот погодок, а Гереиро уште еднаш се запиша меѓу стрелците во 63.минута.

Лајпциг одигра само 1-1 на домашен терен од Фрајбург. Гостите поведоа со голот на Мануел Гулде во 34.минута, а Јусуф Полсен го израмни резултатот во 77.минута.

Херта славеше со 0-3 на гости кај Хофенхајм, а и Волфсбург со полн плен се враќа од гостувањето против Аугсбург (1-2).

Резултати Германија: Борусија Дортмунд – Шалке 4-0, Аугсбург – Волфсбург 1-2, Фортуна Диселдорф – Падерборн 0-0, Хофенхајм – Херта 0-3, Лајпциг – Фрајбург 1-1.

Се вчитува...