„Милионерите“ славеа во Бремен, триумфи и за Шалке и за Волфсбург

Борусија Дортмунд успешно го стартуваше вториот дел од сезоната во Бундес-лигата, остварувајќи триумф (1-2) на гости против Вердер. Шурле уште во петтата минута ги донесе „милионерите“ во водство, потоа Вердер остана и со играч помалку поради исклучувањето на Дрбни, а Бартелс успеа да израмни во 59.минута од средбата. Сепак, Пишчек во 71.минута повторно донесе предност за Борусија Дортмунд.All Goals & Highlights HD – Werder Bremen 1-2… by arcturusmedia33Хофенхајм славеше триумф на гости (0-2) против Аугсбург со головите на Вагнер и на Крамариќ, а Марио Гомез донесе победа за Волфсбург (1-0) против Хамбургер. Шалке стигна до три бода против Инголштад (1-0) со гол во судиското продолжение од мечот, што го постигна Бургшталер.Резултати Германија: Дармштад – Борусија М. 0-0, Аугсбург – Хофенхајм 0-2, Шалке – Инголштад 1-0, Вердер – Борусија Д. 1-2, Волфсбург – Хамбургер 1-0.

Се вчитува...