Џејми Бајно-Гитенс, младиот играч на Борусија Дортмунд беше еден од најдобрите во победата над Милан во Лигата на шампионите, која го однесе тимот на „милионерите“ во 1/8 финалето. Младиот Англичанец изнуди пенал во раната фаза од мечот, а потоа во вториот дел го постигна голот за водство од 1-2.
Гитенс во 2020 година дојде во Борусија Дортмунд како 16-годишник од Манчестер Сити, а сега прераснува во еден од носителите на играта на „милионерите“. Интересно е да се каже дека Борусија Дортмунд му плати на Сити само тренинг компензација во изнис од 90.000 евра за младиот талент.
Во моментов Гитенс е проценет на 18 милиони евра, а се претпоставува дека ќе вреди многу повеќе во иднина. Тој има договор до јуни 2028 година, а го продолжи пред еден месец. „Милионерите“ и натаму им држат лекции на големите клубови како се работи со таленти, откако во минатото од овој тим за мала сума на пари беа купени Геце, Обамејанг, Санчо, Белингем, Мхитарјан, кои потоа заминаа во други клубови за десетици милиони евра, а беа купени за мала сума на пари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА