„Милионерите“ триумфално и во Волфсбург, повторно на бод од Баерн (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд триумфално мина и на гостувањето против Волфсбург во 27. коло од Бундеслигата. „Милионерите“ доминираа во текот на целиот натпревар најавувајќи ја победата преку погодокот на Гуереро уште во 32. минута од средбата.

Конечните 0-2 ги постави Хакими во 78. минута…

И Баер Леверкузен ја продолжува битката за шампионската круна, откако славеше со 1-3 на гостувањето против Борусија Менхенгладбах. Хаверц во 7. минута донесе водство за гостите, а истиот фудбалер во 58. минута повторно стрелаше за 1-2, откако претходно Турам израмни за домашните. Конечните 1-3 ги постави Бендер во 81. минута.

Вердер победи со 0-1 на гостински терен против Фрајбург, а од домашните екипи единствено од пораз успеа да се спаси Падерборн кој одигра 1-1 со Хофенхајм.

РЕЗУЛТАТИ – 27. КОЛО

Борусија М. – Баер Л. 1-3

Волфсбург – Борусија Д. 0-2

Фрајбург – Вердер 0-1

Падерборн – Хофенхајм 1-1

Баерн Минхен – Ајнтрахт Ф. (18:30 ч.)

Се вчитува...