„Милионерите“ во преговори со Нико Ковач

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд отвори преговори со поранешниот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач. Тој треба да биде наследникот на Лусиен Фавр на клупата на „милионерите“ следната сезона. Актуелниот стратег по поразот од баварскиот клуб ја губи довербата затоа ќе падне во вода пораката на Ханс – Јоаким Ваке за навивачите – „Оваа сезона можеме да бидеме шампиони“.

Договорот на Лусиен Фавр истекува во јуни 2021 година, но Борусија Дортмунд ја разгледува можноста за предвремен раскин и ангажман на Нико Ковач. Тој во минатото беше тренер на Баерн Минхен, а претходно ја преводеше и Херта. Од 2013 до 2015 година беше и селектор на фудбалската репрезентација на Хрватска.

Се вчитува...