„Милионерите“ заинтересирани за Артуро Видал

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал би можел следната сезона повторно да игра во Бундес-лигата, но не во неговиот поранешен клуб Баерн Минхен, туку во дресот на Борусија Дортмунд. Ова го тврди селекторот на Чиле, Рeиналдо Руедa.

„Борусија Дортмунд е заинтересирана за него. Би можел да замине во Германија, но исто така и во Италија. Секако тој ќе одлучи што е најдобро за него и за семејството“, изјави чилеанскиот селектор.

Интер е калчолигашот кој се обидува да го доведе Артуро Видал, кој не е стандарден во тимот на Барселона. Одреден интерес постои и од премиерлигашот Њукасл кој ќе добие голема финансиска инјекција со промената на сопствеништвото.

Се вчитува...