Милионски трансфер: Циндриќ потпиша за Барса

Барселона од денеска и официјално е посилна за поранешниот ракометар на Металург и на Вардар, Лука Циндриќ, официјализирајќи го трансферот на хрватскиот репрезентативец. Каталонскиот гигант речиси цела сезона водеше преговори со Кјелце, за на крајот да постигне договор и да добие зелено светло за комплетирање на трансферот на Хрватот.

Барселона постигна договор со Кјелце за ангажман на Лука Циндриќ (25 години, 182 сантиметри). Хрватскиот среден бек потпиша договор со тимот на Барселона за четири сезони, со важност до 30 јуни 2023“ – се вели во клупското соопштение на каталонскиот гигант.

Висината на овој трансфер изнесува над еден милион евра, што го прави Циндриќ еден од најскапите ракометари во историјата на овој спорт.

Лука Циндриќ беше еден од најзаслужните за првата европска круна на Вардар. Тој го постигна голот за победа во полуфиналето од Ф4 турнирот во Келн, токму во пресметката со Барселона, клубот каде од летово ќе ја продолжи кариерата.

Се вчитува...