Милионски заработки за Ѓоковиќ и Медведев на УС Опен

Данил Медведев е освојувачот на последниот гранд-слем во сезоната откако во финалето на УС Опен, Русинот славеше над српскиот ас Новак Ѓоковиќ со 3-0 (6-4, 6-4, 6-4).

Со тоа Медведев го сопре српскиот тенисер од остварување на златен-слем и воедно освојување на 21. гранд-слем титулата во својата кариреа. Сепак како утеха на Србинот ќе остане милионската заработка од финалето.

Имено, Новак Ѓоковиќ по изминатата вечер „тежи“ милион и пол долари повеќе, додека рускиот тенисер за освојување на турнирот доби 2.5 милиони долари.

Се вчитува...