Милосављев ја има одбраната на сезоната во ЛШ (видео)

Дејан Милосављев собра уште едно признание откако неговата одбрана на финалето против Веспрем беше избрана за најдобра голманска интервенција во Лигата на шампионите во сезоната 2018/19. ЕХФ денеска објави видео со топ-листа од 20-те најдобри одбрани, а Милосављев се најде на врвот со клучната одбрана во 57. минута од финалето со Веспрем, со која го запечати триумфот на Вардар.

На петтото место на истата ранг-листа се најде и вториот голман на „вардарци“, Калифа Гедбан, со неговата одбрана со глава, исто така на финалето против Веспрем.

Милосављев и Гедбан уште по еднаш се најдоа на оваа ранг-листа, Србинот со двојната одбрана во полуфиналето со Барселона, а Алжирецот со запрената контра на Барса во групната фаза од елитното европско натпреварување.

Погледнете ги 20-те најдобри голмански одбрани во ЛШ, на чело со ремек-делото на чуварот на мрежата на Вардар.

Се вчитува...