Милојевиќ: Еден ден ќе ви ја откријам тајната за Павков

Српскиот првак Црвена Звезда оствари историски триумф над европскиот вицепрвак Ливерпул. „Црвено-белите“ во фантастична атмосфера во Белград славеа со 2-0, со двата гола на Милан Павков. За него тренерот Владан Милојевиќ вели дека ја дочекал својата шанса.

„Ова ми е најголемата победа во кариерата. Мислам дека одигравме добар натпревар, но ќе направиме детална анализа затоа што сакаме да учиме од најдобрите. Одигравме со срце, триумфот им го посветуваме на навивачите кои веруваат во нас, и направија фантастична атмосфера. Драго ми е за Милан Павков. Уште еднаш се покажа дека спортист што тивко ја чека својата шанса, на крајот и ќе ја дочека. Еден ден ќе ви ја откријам тајната, и за него, и за Јованчиќ…“, изјави тренерот на Црвена Звезда по големиот триумф над Ливерпул.

Се вчитува...