Милојевиќ: Три спектакли, Белград се покажа во вистинско светло

Црвена звезда беше однапред прежалена откако за противници во групната фаза ги доби ПСЖ, Ливерпул и Наполи, но „црвено-белите“ пред се со игрите на домашен терен покажаа дека заслужено се дел од елитното европско натпреварување. Четирите бода се недоволни за продолжување на европската приказна, но Црвена звезда мора да биде горда на триумфот над европскиот вицепрвак Ливерпул и ремито со Наполи.

„Долго не сме биле на големата цена, а овде секоја грешка скапо се плаќа. Ќе извлечеме многу поуки за во иднина, но горди сме на она што го сторивме. Секоја чест на нашите навивачи, три прекрасни атмосфери, Белград и Србија се претставија во вистинско светло. И ќе повторам: Благодарност до моите играчи, ова треба да го доживеете“ – истакна Владан Милојевиќ.

Стратегот на Црвена звезда посочи дека му било чест да ги омери силите со три толку моќни противници.

„Јас и по ждребот реков дека сум среќен од групата, бидејќи добивме шанса да ги одмериме силите со три екипи од самиот крем на Европа. Привилегија е да се игра со ПСЖ, Ливерпул и Наполи, три екипи кои играат различно една од друга, но сите се дел од елитата. Не може да се напредува ако не се види каде оди фудбалот кај најдобрите, ние имавме можност да го увидиме тоа, игравме квалитетни натпревари, освоивме бодови. Севкупно гледано ова беше одлично искуство за Црвена звезда, а јас ако можев пак ќе ја изберев истата група бидејќи тимот најдобро созрева кога игра против ривали од самиот врв“ – вели Милојевиќ.

Се вчитува...