Милосављев: И пак да играме, пак ќе ги победиме и Барса и Веспрем

Голманот Дејан Милосављев со огромна гордост говореше за неверојатната дебитантска сезона во Лигата на шампионите, во која беше еден од најзаслужните што Вардар се закити со големиот трофеј во Келн.

„Ги истепавме сите до крај, покажавме дека сме најсилни. И пак да играме, пак ќе ги победиме и Барселона и Веспрем. Минавме низ пекол цела сезона, се боревме, верував во мојата екипа, работевме напорно. Голема благодарност до сите, благодарност до Македонија. Слушнав што ќе биде кога ќе победиме, но ова што го гледам сега пред мене е неверојатно. Верувам дека луѓето кои имаат пари во оваа земја ќе му помогнат на Вардар за да ја надмине оваа криза“ – истакна Милосављев.

Се вчитува...