ЕКИПА во Келн,
Катерина Павлова Николовска
Дејан Милосављев беше избран за најдобар голман во Лигата на шампионите, уште еден доказ за извонредната дебитантска сезона што српскиот голман ја имаше на голот на Вардар. За него ова ќе биде прво учество на фајналфор турнир во Лигата на шампионите, но Милосављев е оптимист дека тој и неговите избраници ќе одговорат на предизвикот.
„Ова ми е прва посета на Келн, но знаеме дека во овој град се случуваат чуда. Впрочем, Вардар тоа добро го знае, поискусните играчи ни ги пренесуваат своите искуства, а ние помладите сме решени да дадеме се од себе и да помогнеме. Многумина гледаат на Вардар како на аутсајдер, но мотивирани сме да одиграме најдобро што знаеме и да покажеме дека воопшто не сме аутсајдери. Загубивме од Барса на двете средби сезонава, но тоа беа натпревари на кои не игравме како што знаеме. Ако се покажеме во нашето препознатливо светло, во игра преполна со борбеност и со адреналин, верувам дека можеме да стигнеме до победата“ – изјави Милосављев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА