Милосављев: Нема болка, нема алиби

ЕКИПА во Келн, 

Катерина Павлова Николовска

Беше херојот на Вардар во првото полувреме од полуфиналната пресметка со Барселона, имаше речиси перфектно издание во дуелот и помогна многу во големиот успех на македонскиот првак. Тој е еден од дебитантите на овој Ф4 турнир. Дејан Милосављев постојано ги освојува срцата на Македонците. Пред битката за титулата со Веспрем вели нема болка што не може да се победи за финалето.

„Одигравме со 500 проценти во полуфиналето, изморени сме и имаме ситни повреди од ударите што ги добиваме постојано. Но, сетоа тоа не е важно, во финале нема повреди и нема алиби. Ние покажавме дека никој не смее да не потцени“ – вели српскиот голман.

 

 

Се вчитува...