Милосављев: Никој не смее да го потцени Вардар

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Дејан Милосављев е еден од хероите во ова полуфинале, откако неговото деби во „Ланксес Арена“ во Келн мина во извонредна партија. Српскиот голман не го криеше задоволството што во првата сезона во ЛШ ќе игра и во големото финале, по неверојатното второ полувреме што „вардарци“ вечерва го одиграа против Барселона.

Тоа е нашата сила, нашиот карактер. Се погледнавме во очи во соблекувалната, знаевме каде погрешивме и се договоривме да поправиме некои работи во играта. Видовте што се случи, каков пресврт направивме. Мислам дека го заслуживме ова финале, а најмило од се е што на сите им покажавме дека сме тим што не смее да се потцени. Гледаа на нас како на аутсајдер и видовте што ги снајде“ – задоволно порача Милосављев.

Премалку е времето за славје, но и за опоравување до утрешното финале со Веспрем.

„Да видиме прво што е со Карачиќ, знаете колку е важен тој за нашиот тим и искрено се надевам дека ќе може да ни помогне. Немаме многу време, ривалот е силен, но веќе реков, Вардар е ривал што никој не смее да го потцени“ – истакна голманот на „црвено-црните“.

Се вчитува...