Милосављев: Радоста ни е измешана со жал за Дисингер

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Третата последовна титула во СЕХА лигата не ја предизвика очекуваната еуфорија во тимот на старо-новиот шампион, Вардар поради тешката повреда на Кристијан Дисингер. Најдобриот голман на Ф4 турнирот во Брест, Дејан Милосавњев како и сите останави од Вардар вели дека нема простор за премногу радост.

„Сакам  да и честитам на екипата за големата борба и во полуфиналето и во финалето. Искрено сум тажен и целата е екипа не и се радува толку на победата бидејќи еден од нас се повореди. Затоа и така излеговме на прославата бидејќи не знаеме што е со него. Но, покажавме карактер и во двата натпревара. Потврдивме дека имаме квалитет и се надевам дека тоа ќе го покажме и во четвртфиналето во Лигата на шампоните“ – вели голманот кому ова му е прва титула со Вардар.

Милосавњев беше одлчен во полуфиналната победа против Брест, а имаше одлично вотро полувреме во финалниот тирумф над Загреб.

Се вчитува...