Милосављев е играч на полуфиналето (ВИДЕО)

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Дејан Милосављев го затвори голот на Вардар, во полуфиналето против Брест имаше вкупно 15 одбрани. Тој сосема заслужено е прогласен за играч на натпреварот.

„Не е важно колку одбрани имав, туку во кој момент ги остварив. Некогаш е бадијала да имаш 15 одбрани, ако потфрлиш кога најмногу треба. Мислам дека пак покажавме дека сме група, дека имаме карактер и добивме на терен на кој не може да биде потешко да се добие. Гиневме еден за друг и можам да кажам дека сум горд на оваа екипа и на сите кои веруваа во мене“ – изјави Милосављев по натпреварот.

Се вчитува...