Легендарниот српски кошаркар Милош Теодосиќ, се враќа во Црвена Звезда и ќе го преземе раководењето со целокупниот спорски сектор на „црвено-белите“, пишуваат српските медиуми.
Теодосиќ, кој има едногодишна пауза зад себе откако активно учествуваше во составувањето на тимот за тековната натпреварувачка година на крајот од минатата сезона, се враќа во клубот и на позиција каде што многу навивачи на црвено-белите го посакуваа.
Сега, во моментот кога сезоната на Звезда заврши неочекувано, а навивачите јасно го изразија своето незадоволство од работата на раководството по елиминацијата во полуфиналето на АБА лигата, претседателот на клубот Жељко Дрчелиќ направи клучен потег.
Тој активно го искористи најсилниот адут што го имаше на располагање, го повика Теодосиќ и му понуди преземање на целиот спортски сектор – што, по кратки, но ефикасни преговори, тој го прифати. Формализирањето на овој договор се очекува во наредните денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
